Ве молиме почекајте

Main img

Проект: Bitola Outdoor Festival 2020

Види ги сите настани
Array
Array

Проект: Bitola Outdoor Festival 2020

Следејќи ги светските трендови во планинарските спортови како што се планинарењето, планинското трчање и планинскиот велосипедизам, како и бенефитите од истите врз локалната средина, дополнително со цел промоција на Општина Битола, Националниот Парк Пелистер и Пелагонискиот регион како атрактивна дестинација за развој на овој вид туризам, како и здравиот начин и културата на живеење, особено кај младата популација, преку придобивките од планинарските спортови и користењето на прекрасната природа што ни ја овозможува Националниот парк Пелистер и Баба Планина за прв пат во Општина Битола се организираше Bitola Outdoor Festival во организација на ПСК Димитар Илиевски - Мурато.


Настани

Со овај проект опфатени се трите планински активност: планинарење, планинско трчање и планински велосипедизам.

Поради се поголемиот интерес за планинарските спортови како и растот на авантуристичкиот туризам како во светски рамки така и во нашата држава, зголемениот број на овој тип на туристи кој ги привлекува Националниот Парк Пелистер кој како најстар Национален парк на Балканот со својата богата флора и фауна и добро маркирани планински патеки со кои располага, го прави привлечен за практикување на овие активности.

Токму добрата планинска инфраструктура за организирање на маратон во планинско трчање во самиот Национален парк, овозможува дополнителна можност за промоција и привлекување на поголем број на туристи во општина Битола. Затоа како главен настан во склоп на фестивалот, а за прв пат во Општина Битола и Националниот Парк Пелистер се организирани три меѓународни планинарски трки: 

  • Big Lake trail во должина од 18км,
  • Molika trail во должина од 31км и
  • Pelister Ultra Trail во должина од 61км


Планинарењето е најмасовна активност во Националниот Парк Пелистер. Во рамките на фестивалот организирана е и рекреативна планинарска тура којашто по форма и содржина е смислена да поддржува и поттикне омасовување на планинарењето, особено кај младата популација,


Планинарска тура Hiking Neolica:

Собирно место с. Лавци во 9 30 ч; тргнување во 10 ч. Предвидено е турата да има кратка кафе-чај пауза во планинарскиот дом Неолица, потоа преку врв Неолица се слегува до ски-стазата во Ниже Поле, каде воедно се одржуваат сите останати активности. 


Националниот Паск Пелистер изобилува со патеки за планински велосипедизам, па затоа во рамките на фестивалот е организирана и велосипедска тура Bitola Mount Bike

Велосипедска тура исто така има рекреативен карактер. Собирно место спортска сала „Боро Чурлевски“ во 9 30ч; тргнување во 10ч кон село Крстоар и Крстовски манастир, потоа преку Буково и познатата патека „по канал“ до ски-стазата во Ниже Поле. Патеката е долга околку 30 км. 


Tent Fest, кампинг настанот на Bitola Outdoor Festival. Комбинацијата на патување, кампување и активности во природа во текот на летото е магично. Кампинг просторот ќе биди кај ски-центарот „Ниже Поле“- Стрежево. Локацијата за кампување „Tent Fest “ ќе биде означена, опремена со преносни тоалети, канти и кеси за отпадоци. Додека сте тука, ќе уживате во одлична глетка на планината Баба и истовремено да бидете дел од активностите на фестивалот, како што се планинско трчање, планински велосипедизам, планинарење и други забавни активности.


Поради состајбата со Ковид 19 пандемијата дел од планираните настани не се реализираа. Откажани се следните настани:

  • ЕХО 10 Фестивал на Планински Филм
  • Slow Food Bitola
  • Fun Race 1K


Цел:

            

  • Промоција на Општина Битола како поборник на здрав живот за своите граѓани
  • Едуцирање, мотивирање и поголемо вклучување на младите во планинските спортови
  • Заштита на животната средина и околина
  • Запознавање со природните убавини на Националниот парк Пелистер
  • Промоција на општина Битола како атрактивна дестинација за туризам
  • Поврзување и соработка со други здруженија на граѓани
  • Потикнување на волонтирањето кај младите
  • Промоција на авантуристичкиот туризам како во летни така и во зимски услови

 

Со самото добивање на меѓународен статус на самата планинарска трка и официјално пријавена во ITRA International Trail Running Association, Битолскиот регион ќе добие уште еден препознаен настан кој дополнително ќе го зголеми бројот на туристи, љубители на планината и планинското трчање а преку тоа и негова промоција надвор од нашите граници.

 

 

Очекувани Резултати:

 

  • Зголемен број на туристи во општина Битола
  • Зголемен број на преноќувања во сместувачките капацитети во општина Битола
  • Стекнување со здрави навики на живот од најрана возраст,
  • Мотивација на останатите спортски клубови за работа со младата популација и едукација за здрав живот и повеќе спортски активности
  • Воспоставување на соработка и вмрежување помеѓу лица, компании и невладини организации од јавниот и приватниот сектор
  • Промоција на Баба Планина и Битола како планинарски град
  • Постигнување на поголема актуелизација на планинарските спортови во Битола
  • Промоција на Општина Битола како туристичка дестинација
  • Промена на културата на живеење (особено кај младата популација) за здрави навики


Битола, 2020 година






 



UK icon MK icon